Дачиќ: Итното формирање на ЗСО е предуслов за разговори за решение меѓу Белград и Приштина

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Заедницата на српските општини (ЗСО) е суштината на Бриселскиот договор и дека Србија ќе инсистира на нејзино итно формирање, како предуслов за разговори за политички план или предлог за решение меѓу Белград и Приштина.

Српската влада ќе расправа за Косово, ќе присуствува и Вучиќ

Тој рече дека денеска се разговара што би се случило доколку Србија не се согласи со предложениот предлог и дека претседателот на Србија Александар Вучиќ има поддршка од државниот врв, од Владата на Србија и од целата владејачка коалиција. „Претседателот денеска ќе им се обрати на граѓаните на Србија. Наше е да кажеме за што не се согласуваме. Но, треба да учествуваме во дијалогот и да разговараме за планот“, рече Дачиќ. Претседателот на Србија во петокот во Белград со претставниците на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија разговараше за таканаречениот француско-германски план за Косово.
По таа средба, Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да го прифати концептот и да работи на имплементација на предложениот договор, но и дека изразил резерви за една точка од договорот.