Османи: Бугарските клубови во Македонија треба да ги сменат своите имиња

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија - Бујар Османи и Николај Милков

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за БТВ изјави дека бугарските клубови во Македонија треба да се прилагодат со законот, односно да ги сменат своите имиња, ако сакаат да продолжат да постојат. Тој најави дека ќе ги повика претставниците на овие клубови на разговор во врска со таа тема. Состанокот, според Османи, има цел да се направи план како да ѝ се овозможи на бугарската заедница да ја декларира својата припадност, нејзиниот идентитет и културна припадност и да се интегрира во општеството. Тој побара сензитивност во именувањето на клубовите, и дека мнозинството Македонци се чувствуваа навредени од тие имиња, односно да се разбере оваа чувствителност на народот.

Османи и Милков го посетија Пендиков во Софија и побараа казна за напаѓачите

„Не треба да влегуваме во вистинска научна дебата за улогата на овие историски личности. Ако мнозинството Македонци се чувствуваат навредени од ова, да ја разбереме оваа чувствителност на народот. И верувајте дека тоа е во интерес на бугарската заедница. Ова го велам како некој кој поминал низ слични тешкотии во обединувањето и интеграцијата на заедницата“, изјави Османи. Османи, заедно со својот бугарски колега Николај Милков, вчера во Софија го посетија нападнатиот македонски државјанин од Охрид, Христијан Пендиков. Двајцата министри повикаа на прекин на насилството и провокациите од двете страни.