Кишида: „Сега или никогаш“ за запирање на намалувањето на населението во Јапонија

Јапонскиот премиер Фумио Кишида

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска вети дека ќе преземе итни чекори за справување со намалената стапка на наталитет во земјата, велејќи дека станува збор за „сега или никогаш“ за најстарото општество во светот. „Нашата нација е на работ на тоа дали може да ги задржи своите општествени функции“, рече Кишида во говорот на отворањето на годинашната парламентарна седница. „Тоа е сега или никогаш кога станува збор за политиките во врска со раѓањата и воспитувањето на децата - тоа е прашање што едноставно не може да чека повеќе“, додаде тој.

Кина стана постара пред да стане побогата

Кишида рече дека ќе поднесе планови за удвојување на буџетот за политиките поврзани со децата, и дека нова владина агенција за справување со ова прашање ќе биде формирана во април. Јапонија забележа рекордно низок број раѓања во 2021 година што го поттикна досега најголемиот природен пад на населението.