Германија нема да се противи ако Полска испрати германски тенкови во Украина

германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок

германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок

Германија нема да се противи Полска да и испорача тенкови Леопард на Украина, доколку Варшава побара дозвола, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. „Да ни е поставено тоа прашање ние не би се противеле. Засега тоа прашање не е поставено“, рече таа. Бербок додаде дека е неопходно Полска да испрати официјално барање до Берлин.

Нема договор за испраќање германски тенкови во Украина

Сепак, Германија се уште е неодлучна за испраќање тенкови Леопард 2 од германско производство, на што инсистира Киев. Западот се плаши, и покрај гаранциите од Украинците, дека Киев би можело да го ескалира конфликтот користејќи го оружјето за да нападне длабоко во руската територија и врз воздушните и поморските бази на Крим, полуостров што Русија го анектираше во 2014 година.