Првиот потпретседател на Владата Артан Груби на средбата со евроамбасадорот, Дејвид Гир го информирал дека владините коалициски партнери веќе започнале подготовки за уставни измени и се решени да создадат Алијанса за Европа со сите прогресивни сили во земјава.
На средбата тие разговарале за процесот на интеграција на земјата во ЕУ по отворањето на преговорите за членство, како и за итната потреба од иницирање на уставни измени и нивно успешно завршување како единствен начин за одржување на втората меѓувладина конференција, соопштија од кабинетот на вицепремиерот Груби.
Видете и ова: Меџити - Груби е клан во ДУИ, Ахмети го штитиСпоред соопштението, на средбата биле разменети мислења и за предизвиците со кои ќе се соочува земјата во процесот на интеграција во ЕУ, особено реформите и владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал како и за очекувањата, но и за конкретните придобивки кои ќе ги имаат граѓаните со полноправно членство во ЕУ.
Собранието е исправено пред предизвикот да донесе уставни измени со кои Бугарите ќе влезат во Уставот на Македонија за да почнат преговорите за интеграција во Европската унија, за што се потребни се 81 пратеници, а владејачката коалиција во моментов брои само 64.