Вооружен маж на слобода откако убил 10 луѓе во близина на Лос Анџелес

Полицијата на местото на настанот во Монтереј Парк, Калифорнија, на 22 јануари 2023 година.

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека се уште е на слободна осомничениот за убиство на 10 лица и за ранување на уште 10 во танцов клуб на 21 јануари.

Капетанот Ендру Мејер од Кабинетот на шерифот во Лос Анџелес на 22 јануари рече дека ранетите се пренесени во болници и нивната состојба се движи од стабилна до критична.

Пукањето се случило доцна во саботата во град источно од Лос Анџелес по прославата на Лунарната Нова Година која привлече илјадници луѓе, соопшти полицијата.

Видете и ова: Шестгодишно дете со пиштол ранило учителка во САД

Од полицијата соопштија дека стрелецот е маж, а пукањето било пријавено во 22:22 часот на улицата Гарви во Монтереј парк.

Монтереј парк е подрачје со околу 60.000 луѓе, со мнозинско азиско население и се наоѓа на околу 16 километри од центарот на Лос Анџелес.

Во саботата почна дводневниот фестивал, кој е еден од најголемите настани за Лунарна нова година (Кинеска нова година) во Јужна Калифорнија.