За Полска е „неприфатлив“ ставот на Германија за испраќањето тенкови во Украина

Илустративна фотографија

Полскиот премиер го критикуваше неуспехот на Германија да испорача тенкови „Леопард“ на Украина, нарекувајќи го ставот на земјата „неприфатлив“.

Берлин се двоуми дали да ги испрати тешките тенкови или да дозволи други нации да ги префрлат во Киев.

„Ставот на Германија е неприфатлив. Помина речиси една година од почетокот на војната. Невини луѓе умираат секој ден“, изјави денеска премиерот Матеуш Моравјецки за агенцијата ПАП.

Видете и ова: Русија го напаѓа Бахмут од воздух, додека подготвува воени реформи

Завчера педесетина земји се согласија да му обезбедат на Киев воена опрема вредна милијарди долари, вклучително и оклопни возила и муниција потребни за да се потиснат руските сили. Во моментов, дозволата за извоз на „Леопард 2“ е во сопственост на Германија, што значи дека и на другите земји им треба германско одобрение за да ги испратат своите тенкови во други земји.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во повеќе наврати бараше тенкови од западните сојузници, истакнувајќи дека „одлуката...мора да се донесе“.

Руската воена инвазија во Украина почна лани, на 24 февруари.