Преку ден сонце и облаци, вечерва дожд

Илустративна фотографија

Денеска времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и можност за појава на слаба магла во котлините во утринските часови. Кон крајот на денот и во ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, се наведува во временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи-УХМР.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 3 до 15 степени.

Во Скопје се очекува исто така сончево време со мала до умерена облачност, со повремен дожд во ноќните часови.

Видете и ова: Еден загинат и еден исчезнат во поплавите во Србија

Под влијание на нов влажен бран од вечерните часови ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни утре, како и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2).

Врнежи од снег ќе има најпрво на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од утре попладне и на некои повисоки места.