Англиската црква се извинува за третманот на ЛГБТК луѓето

Илустративна фотографија

Англиската црква вчера формално се извини за односот кон ЛГБТК луѓето, иако најави дека на истополовите парови сè уште нема да им биде дозволено да се венчаат во нејзините цркви.

Извинувањето од црковните епископи дојде во извештајот по петгодишната дебата за ставот на црквата за сексуалноста. Извештајот ќе биде доставен до црковното национално собрание, Генералниот синод, кој ќе се состане во Лондон следниот месец.

„Сакаме да се извиниме за начините на кои англиската црква се однесуваше со ЛГБТК+ луѓето – и оние кои веруваат во нашите цркви и оние кои не го прават тоа“, се вели во соопштението на бискупите.

Видете и ова: Македонија тапка во место во прифаќањето на ЛГБТИ луѓето

„За времињата што ве отфрливме или исклучивме, вас и оние што ги сакате, длабоко ни е жал. Случаите во кои добивте непријателски и хомофобичен одговор во нашите цркви се срамни, и се каеме за тоа “, додаваат од црквата.

Сепак, ставот на Англиската црква дека бракот е ограничен на заедница меѓу еден маж и една жена ќе остане на сила. Наместо тоа, има предлог на истополовите парови да им се понуди можност да имаат црковна служба со молитви за посветеност, благодарност или за Божји благослов, откако ќе имаат граѓанска венчавка или регистрираат граѓанско партнерство.

Истополовите бракови се легални во Англија и Велс од 2013 година.

Црковните водачи ја опишаа одлуката за црковните служби како значајна промена која го признава доживеаното искуство на некои верни христијани. Но, остануваат длабоките поделби, а бискупите признаа дека некои свештеници ќе одлучат да не ги користат новите молитви за да ги благословат врските на истополовите парови.