Хакирана е Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, соопштија од Организацијата за безбедност и соработка на Европа.
Така, ФБ страницата на Мисијата во Скопје од вчера е преименувана и наместо информации за активностите на организацијата, има слики од девојки кои рекламираат виетнамски хотлајн.
„ОБСЕ потврдува дека фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ“, пишува во нивната објава.
На почетокот на годинава Република Северна Македонија го презеде претседавањето со ОБСЕ, кое ќе трае во текот на целата 2023 година.
Ова е најголемата светска регионална безбедносна организација, во која има 57 земји членки, меѓу кои и Русија и Украина кои војуваат од 24 февруари, минатата година.
Видете и ова: Зачестените сајбер напади на државни сајтови го вклучуваат црвениот аларм