Украина се бори на Истокот додека чека одлука од Западот за испорака на повеќе тенкови

Илустративна фотографија

Украинската војска на 21 јануари соопшти дека се водат борби во источниот дел на земјата, откако Русија тврдеше дека освоила село на Истокот, во време кога западните официјални претставници лица понудија поголема помош за Украина која е цел на руската инвазија скоро една година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во меѓувреме, сигнализираше за зголемено нетрпеливост за клучното прашање - дали Западот ќе ја обезбеди неговата земја со најновите борбени тенкови, велејќи дека „одлука...мора да се донесе“.

Клучниот помошник на Зеленски подоцна отворено додаде дека „глобалната неодлучност“ ги чини Украинците животи, твитнајќи „Мисли побрзо“.

Видете и ова: Официјални претставници на САД ја советуваат Украина да го одложи започнувањето голема офанзива

Генералштабот на украинската војска на 21 јануари соопшти дека извршил 18 напади врз руските сили, додека ја обвини руската страна за нападите врз 12 населени места во регионите Луганск и Доњецк.

Се наведува дека три од седумте руски ракетни напади биле насочени кон градовите Краматорск и Хулјаиполе, при што се посочува дека е можно ракети да биле насочени кон „цивилна инфраструктура“ во градот Никопол.

Руското Министерство за одбрана еден ден претходно тврдеше дека го зазело селото Клешчијивка, во областа Доњецк на околу пет километри јужно од градот Бахмут, повторувајќи го тврдењето на шефот на платеничката група Вагнер. Но, Министерството посочи дека биле вклучени редовните руски трупи, додека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, наводниот успех им го припишал на неговите приватни борци.

Генералштабот на украинската војска првично соопшти само дека руските сили ја гранатирале Клешчијивка и не го спомена експлицитно тоа село во ажурирањето на 21 јануари.

Ројтерс цитираше висок функционер од администрацијата на Бајден на 20 јануари дека американските власти го советувале Киев да почека да започне каква било голема офанзива против руските сили, се додека Украинците не бидат обучени за користење на најновото американско вооружување испратено за Украина.

Видете и ова: Зеленски бара повеќе тенкови од западните сојузници

Извештајот доаѓа во период кога Британија е подготвена да започне со обука на украинските војници, пред пратката со борбени тенкови Челинџер 2, но другите сојузници на НАТО сè уште дебатираат за набавката на модерни западни борбени тенкови.

Контактната група за одбрана на Украина на западните сојузници на Киев се состана вчера во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија, каде што министрите за одбрана и други претставници на 54 земји разговарале за координирање на воената помош што тие ја испраќаат.

Притоа се наведува дека Германија се спротивставува на притисокот од Полска за зелено светло на неа и на другите земји, за испорака на тенковите Леопард 2, од германско производство, во Киев.

Во своето редовно видео обраќање, синоќа Зеленски го нагласи ќор-сокакот како дел од тековната дебата и рече дека некои од деталите на состанокот не можат да бидат јавно објавени.

„Да, сè уште ќе треба да се бориме за снабдување со модерни тенкови“, рече Зеленски и додаде дека „секој ден станува поочигледно дека нема алтернатива, дека мора да се донесе одлука за тенковите“.