Официјални претставници на САД ја советуваат Украина да го одложи започнувањето голема офанзива

Илустративна фотографија

Високи американски функционери ја советуваат Украина да се воздржи од од започнувањето на голема офанзива против руските сили додека не се воспостави најновото снабдување со американско оружје и не се обезбеди обука, рече висок претставник на администрацијата на Бајден, на 20 јануари.

Официјалниот претставник, зборувајќи со мала група новинари под услов да остане анонимен, изјавија дека Соединетите држави цврсто се држат до својата одлука да не ѝ даваат тенкови Абрамс на Украина во овој момент, во услови на контроверзност за испраќање германски тенкови во земјата.

Видете и ова: Нема договор за испраќање германски тенкови во Украина

Претседателот Џо Бајден, кој оваа недела одобри нов пакет оружје за Украина од 2,5 милијарди долари, им одговори на новинарите во Белата куќа дека „Украина ќе ја добие сета помош што им е потребна“, на прашањето дали ја поддржува намерата на Полска да испрати тенкови од германско производство за Украина.

Преговорите на САД со Украина за каква било контраофанзива се во контекст на обезбедување на Украинците да посветат доволно време на обука за најновото оружје обезбедено од Соединетите држави, рече официјалниот претставник. Американските власти веруваат дека офанзивата би била поуспешна доколку Украинците ја искористат предноста од обуката и значителното внесување на ново оружје.

Соединетите држави во четвртокот објавија дека ќе испратат стотици оклопни возила во Украина.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус во петокот негираше дека Берлин еднострано ја блокира испораката на главните борбени тенкови Леопард во Украина, но рече дека владата е подготвена брзо да ги испрати доколку има консензус меѓу сојузниците.