Американското Министерство за финансии одлучи да воведе дополнителни санкции за руската приватна воена компанија „Вагнер груп“, која им помага на руските сили во инвазијата на Украина.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, најави дека Министерството ќе ја назначи групата Вагнер како значајна транснационална криминална организација во наредните денови, пренесува агенцијата АП.
ЕУ воведува санкции за руските платеници од Вагнер груп
Белата куќа, исто така, објави слики на кои се гледа како Русија испорачува пратка оружје од Северна Кореја, за која рече дека има за цел да ги зајакне силите на групата Вагнер, чии членови се борат заедно со руските војници во Украина.
Американската влада објави и слика од 18 ноември за која тврди дека покажува руски вагони кои патуваат меѓу Русија и Северна Кореја. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден беше првата што ја обвини Северна Кореја за снабдување на Русија со оружје.