Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ остро го критикуваше односот на Европската унија кон Унгарија и санкциите воведени кон Русија од Унијата, покажувајќи разбирање за политиката на Будимпешта, која е во конфликт со ЕУ за владеењето на правото и, според критичарите, е недоволно остра кон Рускиот претседател Владимир Путин.
За Унгарија е замрзнат дел од кохезионите фондови на ЕУ и нивното користење е условено со почитување на владеењето на правото.
„Ова го гледам како еден од најакутните проблеми. Без никакви јасни критериуми, според логиката на законот, паричните работи ги решаваат посилните, а тоа е клучно прашање. Унгарската владејачка партија Фидес има одредена политика и таа политика е донекаде десничарска, но европска“, рече Милановиќ на заедничката прес-конференција со унгарската претседателка Каталин Новак.
Милановиќ – Воената помош за Украина е правно спорна, ЕУ не е воен сојуз
Говорејќи за санкциите на ЕУ против Русија поради војната во Украина, Милановиќ рече дека „санкциите се катастрофа, тотална глупост“. „Тоа не функционира и прашање е само колкава штета ќе и нанесе на Европа. Освен тоа, ги зближивме Русија и Кина“, додаде тој.
Новак за хрватскиот претседател рече дека „делува храбро на европската сцена“ и додаде дека тој е нејзиниот прв „странски гостин“ откако таа беше избрана во март 2022 година. Претседателката спомена неколку точки за кои сите се согласуваат, а тоа се осудата на руската агресија врз Украина, продолжувањето на европската интеграција на Западен Балкан и решението на проблемот со опасностите од илегалната миграција за Европа и демографската криза.
„Нашиот став е дека ја осудуваме руската агресија и напад на Украина, на суверена независна држава и го поддржуваме нејзиниот територијален интегритет и суверенитет од првиот момент. Тоа е сосема јасно“, рече таа.