Зеленски, Вагнер, Болдвин...
САД - Актерот Алек Болдвин и специјалистот за оружје на филмскиот сет ќе бидат обвинети за ненамерно убиство во фаталното пукање на кинематограферката Халина Хачинс која беше убиена на филмски сет во Ново Мексико. Во соопштението од Обвинителството е наведено дека станува збор за „криминално непочитување на безбедноста“. Хачинс почина набргу откако беше ранета за време на пробите на ранчот на периферијата на Санта Фе на 21 октомври 2021 година. Болдвин вперувал пиштол како дел од вежба за улогата кон Хачинс кога пукнал пиштолот, убивајќи ја неа и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза.PEOPLE-ALEC BALDWIN/
СРБИЈА - Адвокатот од Белград и неколку руски и украински антивоени групи со седиште во Србија поднесоа низа кривични пријави до судот поврзани со активностите на српската територија на платеничката група „Вагнер“ поврзана со Кремљ, која одигра значајна улога во инвазијата на Кремљ.
Кривичните пријави беа поднесени на 19 јануари против директорот на Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), Александар Вулин, рускиот амбасадор во Србија, Александар Ботсан-Харченко, Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш и членовите на десницата.
КОСОВО - Неколку градови во Косово се соочуваат со поплави како последица на обилните дождови. Најпогоден од поплавите според информациите е градот Скендерај, каде локалните власти прогласија вонредна состојба. Директорот на Дирекцијата за јавни услуги во овој град, Албан Шала за Радио Слободна Европа изјави дека реката Клина и дел од нејзините краци се излеале што предизвикало поплави во десетина села од оваа општина. Бројни екипи и групи граѓани помагаат за евакуација на граѓаните кои се во опасност од поплави.
АВГАНИСТАН - Талибанските власти во Авганистан соопштија дека најмалку 78 луѓе меѓу кои и и неколку деца загинале во студениот бран што ја зафати Азија, во кој температурите паднаа на најниско ниво во повеќе од една деценија. Министерството за управување со катастрофи на Талибанците на 19 јануари соопшти дека смртните случаи поради студот се регистрирани во осум провинции од 34 во последните осум дена, додека околу 77.000 добиток исто така угинале, што претставува закана за и онака кревката безбедност на храната во земјата.
ЕУ - Економијата на еврозоната оваа година ќе функционира „многу подобро“ отколку што првично се стравуваше, изјави во четврток, 19 јануари, шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.
МАКЕДОНИЈА - Положениот крст во осветен Вардар годинава го фати скопјанецот Кристијан Ниневски. Тој вели дека за него ова е трета среќа од осум обиди. Православните верници денеска го слават празникот Богојавление.
ГЕРМАНИЈА - Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска натамошна воена поддршка на Украина и го предупреди идниот министер за одбрана дека германските вооружени сили мора повторно да станат способни да ја заштитат нацијата.
БЕЛГИЈА - Русија се подготвува за продолжена војна, вели заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана. Тој на воените началници од цела Европа собрани во Брисле на 18 јануари им рекол дека нема индикации оти се смениле целите на рускиот претседател Владимир Путин. Џоана истакна дека Русија мобилизираше повеќе од 200.000 дополнителни војници.
КОСОВО - Косово нема да дозволи влез ни движење на автомобили означени со КМ српски регистерски таблички издадени по декември 2022 година. Ова го изјави косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свецла на 18 јануари, обвинувајќи ја Србија за прекршување на договорот постигнат во ноември за спорно прашање за регистарски таблички на автомобилите.
УКРАИНА - Началникот на украинската полиција, Ихор Клименко, е именуван за вршител на должноста министер за внатрешни работи на Украина, откако на 18 јануари при пад на хеликоптер загина министерот Денис Монастирски и високи функционери во Министерството за внатрешни работи.in Kyiv, August 3, 2021