Адвокатот од Белград и неколку руски и украински антивоени групи со седиште во Србија поднесоа низа кривични пријави до судот поврзани со активностите на српската територија на платеничката група „Вагнер“ поврзана со Кремљ, која одигра значајна улога во инвазијата на Кремљ.
Кривичните пријави беа поднесени на 19 јануари против директорот на Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), Александар Вулин, рускиот амбасадор во Србија, Александар Ботсан-Харченко, Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш и членовите на десницата.
Видете и ова: Путин го одликуваше рускиот амбасадор во СрбијаКривичните пријави против Харченко, неколку неименувани лица од руската амбасада како и Вулин и неколку неименувани вработени во БИА, ги поднесе адвокатот од Белград, Чедомир Стојковиќ.
Според српскиот закон, нелегално е Србите да учествуваат во конфликти во странство. Ова прашање стана актуелно откако неделава српскиот претседател Александар Вучиќ, во еден од ретките укори кон Москва, остро ги критикуваше руските реклами на српски јазик во кои групата Вагнер упати повици до волонтери да се приклучат на нејзините редови.
Видете и ова: Пригожин: Групата Вагнер никогаш не била во СрбијаСрпскиот сервис на рускиот државен медиум Раша Тудеј, кој неодамна започна со работа во Србија, пред две недели објави оглас на Вагнер групата за регрутирање доброволци за руската војна против Украина. Тогаш Вучиќ изјави дека рекламата на групата Вагнер „не е фер“ и дека законот им забранува на српските државјани да одат на странски боишта. РТ, како медиум контролиран од Кремљ и финансиран од државниот буџет, е забранет да емитува програма во Европската унија од март 2022 година.
Видете и ова: Вучиќ: огласот на Вагнер групата за регрутирање во Србија не е ферАдвокатот Стојковиќ изјави дека кривичните пријави се насочени кон оние кои се обидуваат да регрутираат Срби да се борат на страната на Русија во војната во Украина.
„Харченко води, Вулин ја спречува контраразузнавачката работа на српските власти, центарот во Ниш е проруска платформа, а ние ја имаме реалноста на Вагнер“, напиша Стојковиќ на Твитер.
РСЕ ги контактираше лицата и институциите против кои денеска се поднесени кривични пријави, но тие беа недостапни за коментар.
„Имаме основано сомневање да мислиме дека Александар Вулин како директор на БИА дал наредби, директиви и насоки за да не се спречуваат активностите на Вагнер групата во Србија, односно контраразузнавачката работа во Србија не се спроведува“, рече Стојковиќ.
Тој по поднесувањето на кривичната пријава пред новинарите изјави дека рускиот амбасадор во Србија, Александар Бочан-Харченко има имунитет според Виенската конвенција, но изјави дека според член 32 од таа конвенција, тој имунитет може да му биде ускратен.
Членовите на Народна патрола го насликаа муралот во чест на Вагнер групацијата во Белград во текот на јануари, а исто така го пресликија по неколку обиди на активистите да го отстранат.