Поплавени домови и згради во северот на Косово

Неколку градови во соседно Косово се соочуваат со поплави како последица на обилните дождови во последните неколку дена
 

Поплави во Бошњачкото маало во Северна Митровица на 19 јануари 2023 година

Нивото на водата во реката Ибар е зголемено како последица на обилните дождови

Неколку куќи поплавени во Северна Митровица

Во Северна Митровица, кон главниот мост, реката Ибар ја достигна висината на шеталиштето, па клупите на просторот за одмор се потопени во вода

Со автомобил тешко е прооден асфалтираниот пат од Звечан до Зубин Поток

Најпогоден од поплавите е градот Скендерај (Србица), каде локалните власти прогласија вонредна состојба