Најмалку 15 ерменски војници загинаа при пожар

Касарната по пожарот

Во ерменската воена касарна избувна пожар при што петнаесет војници загинаа, а уште тројца се повредени и во критична здравствена состојба. Во соопштението на ерменското министерство за одбрана утрово е наведено дека се уште не се јасни причините за пожарот кој настанал во селото во источната ерменска провинција на стотина километри од главниот град Ереван. Истрагата е во тек.

Селото во кое изби пожар е дел од Азербејџан, но е под контрола на етничките ерменски сили поддржани од Ерменија по завршувањето на сепаратистичката војна таму во 1994 година.

Видете и ова: Блинкен и Пашинијан разговараа за обновување на разговорите со Азербејџан

За шест недели тешки борби што започнаа во септември 2020 година, азербејџанската војска ги разби ерменските сили и се пресели длабоко во Нагорно-Карабах, принудувајќи ја Ерменија да го прифати мировниот договор постигнат со посредство на Русија во ноември истата година. Во уште едно разгорување на борбите минатиот септември загинаа 155 војници од двете страни.