Штајнмаер- Вооружените сили мора да ја заштитат нацијата и вети поддршка на Украина

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска натамошна воена поддршка на Украина и го предупреди идниот министер за одбрана дека германските вооружени сили мора повторно да станат способни да ја заштитат нацијата.

Новиот министер социјалдемократот Борис Писториус официјално беше поставен за министер во четвртокот, во време кога Германија е под зголемен притисок од западните сојузници да дозволи употреба на борбени тенкови од германско производство во Украина за зајакнување на нејзината одбрана од инвазијата на Русија.

Видете и ова: Борис Писториус - нов германски министер за одбрана


Писториус треба да се сретне со неговиот американски колега Лојд Остин подоцна во четврток, а во петок, одбранбените лидери од околу 50 земји и НАТО ќе се соберат во германската воздухопловна база Рамштајн за да разговараат за тоа како да се снабдува Киев со повеќе оружје.

Берлин ќе дозволи испраќање на тенкови од германско производство во Украина само доколку САД се согласат да испратат свои тенкови, вели извор од германската влада изјави за Ројтерс.

Нападот на Русија врз Украина го уништи безбедносниот поредок на Европа, рече Штајнмаер на церемонијата за назначување на Писториус. Штајнмаер нагласи дека Германија ќе продолжи воено да ја поддржува Украина и ќе помогне „во обновата на погодената земја“.

„Германија не е во војна, но годините на мировната дивиденда од кои ние Германците добивме толку долго и изобилно завршија“, рече Штајнмаер.

„Мораме да одговориме на заканите кои исто така ни се насочени нас“, додаде тој.

Писториус ја презема функцијата од Кристин Ламбрехт, која по низа гафови, во понеделникот најави оставка.