Епидемиолошката состојбата е стабилна и нема потреба од дополнителни мерки оценила Комисијата за спречување на заразни болести на денешната седица.
Според нив безбедно е децата да се вратат на училиште од понеделник, кога почнува второто полугодие. Во изминатиот период амбулантите и болниците беа полни со заболени деца, но од Комисијата велат дека следат што се случува и доколку се зголемат бројките на заразени од ковид или грип ќе ги зголемат болничките капацитети.
Видете и ова: Не претерувајте со антибиотици, се повеќе бактерии се отпорниВладата по препорака на Министерството за образование го продолжи зимскиот распуст и наместо на 18 јануари, второто полугодие ќе почне на 23. Една од причините беше и заштита на здравјето на децата.
Се уште не се знае дали во Македонија го има новиот сој на ковид -19 наречен Кракен, велат од Комисијата. Од таму препорачуваат здравствени установи да не им бараат на пациентите ПЦР тестови пред да им биде извршена интервенција, туку да се користат брзи тестови.