Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјади дека никој не страдал поради политиките што ги води, откако Европскиот парламент ЕУ), побара од Европската унија (ЕУ) да го санкционира.
Во резолуцијата усвоена на 18 јануари, се наведува дека „ЕП го повторува својот повик за усвојување насочени санкции против дестабилизирачките актери во БиХ, вклучително и оние кои го загрозуваат нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, особено Милорад Додик“.
Во изјава за агенцијата Срна, Додик рече дека санкционирањето е „знак на слабост, а не на надмоќ“.
„БиХ не е поинвалидна отколку што инаку би била, европскиот пат не е доведен во прашање, нејзиниот територијален интегритет не е доведен во прашање, па затоа ме интересира што ги инспирираше европратениците да предложат таква мерка“, рече Додик.
Тој додаде дека „избира да одлучува слободно и според својата совест“ и дека „ги почитува сите правни акти на РС и БиХ“.
„Ако треба да бидам казнет за тоа, нека бидам, но барем јасно да се каже и да се знае дека сум казнет затоа што мислев за себе, го почитував Уставот и се водев од националните интереси“, рече претседателот на РС.
Претставниците на опозицијата од Република Српска велат дека ништо во Босна и Херцеговина нема драстично да се промени, по предложените санкции за Додик.
Во извештајот на претседателот на Комисијата за надворешни работи, Дејвид Мекалистер, кој беше усвоен со 407 гласа за, 92 против и 142 воздржани, се поздравува препораката на Европската комисија и подготвеноста на Европскиот совет да и додели кандидатски статус на БиХ.
Се апелира до политичките актери во земјата да ја покажат својата посветеност и да преземат значајни чекори кон членството во ЕУ, во согласност со препораките на Комисијата и 14 клучни приоритети, а Европската комисија и Европската служба за надворешни работи се поканети да и помогнат на БиХ во брзо спроведување на клучните приоритети и спречување регресија кон националистичките политики од минатото.
Видете и ова: Додик се сретна со Путин во Санкт ПетербургДодик веќе се наоѓа на списокот на санкционирани лица на Соединетите Американски Држави и Велика Британија.
Од 5 јануари 2022 година тој е на проширената листа на санкции за дела на корупција на Министерството за финансии на САД.
Од 11 април 2022 година, Додик, заедно со тогашниот претседател на РС, која денеска е членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, беше ставен на листата на санкционирани лица на Велика Британија поради „обиди за поткопување на легитимитетот и функционалноста на државата на БиХ“.