Јовица Стојановиќ е именуван за вршител на должноста директор на Управата за извршување на санкции до изборот на нов директор, одлучи Владата на денешната седница.
Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции откако на седница вчера Владата го разреши од должноста досегашниот директор Марјан Спасовски по бегството на осуденикот Беким Мемети од затворот „Идризово“.
За бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот на затвореникот. Осум дена притвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост.
Вонредниот инспекциски надзор направен на 13 јануари покажа низа неправилности при спроведувањето на Мемети.
Осуденикот побегна кога бил превезуван со полициско комбе од затворот Идризово кон Ургентниот центар „Мајка Тереза“ при што го украл пиштолот на еден од полицајците и пукал кон него. Мемети бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за трговија со дрога