Њујорк Тајмс: САД испраќаат оружје во Украина од магацин во Израел

илустрација

Соединетите држави испраќаат стотици илјади артилериски гранати од голем магацин во Израел, објави Њујорк Тајмс. Муницијата лоцирана во Израел била наменета за употреба во регионални конфликти. САД, исто така, му дадоа на Израел дозвола да користи дел од залихите во итни ситуации, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи американски и израелски официјални лица. Претходната израелска влада ја одобри испораката на муниција додека Израел се обидуваше да одржува врски со САД и Украина без да го навлече гневот на Русија, јавуваат израелските медиуми. Американските власти првпат ја споменаа можноста за снабдување на Украина од Израел минатата година, што предизвика загриженост за тоа како Русија ќе реагира.

Украински војници на обука за „Патриот“ во САД

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го информираше тогашниот израелски министер за одбрана Бени Ганц дека САД сакаат да земат дел од залихите. САД и Израел се согласија да испратат околу 300.000 гранати во Украина, изјавија за Тајмс израелски и американски претставници. Израелските власти изјавија за американскиот весник дека Израел не ја променил својата позиција и останува против снабдување на Украина со смртоносно оружје, но се согласил САД да користат свои резерви. Израел одбива да и обезбеди оружје на Украина од почетокот на руската инвазија, а една од главните причини се чини дека е стратешката потреба да се одржи слободата на операции во Сирија каде руските сили во голема мера го контролираат воздушниот простор.