Британскиот пратеник за Западен Балкан, Стјуарт Пич изјави дека ниту Косово ниту Србија не треба да гледаат на спроведувањето на постојните договори како отстапка или закана за нивната позиција, туку како конструктивно и одговорно учество во дијалогот. Пич посочи дека двете страни треба да ги исполнат сите обврски преземени во текот на дијалогот и додаде дека една од нив е и Заедницата на српски општини (ЗСО). „Како ќе изгледа Заедницата кога ќе се формира е прашање на страните во дијалогот“, рече тој.
Гeрвала: Косово нема да бара начини да формира Заедница за Србите, бидејќи го прекршува Уставот
Пич изјави дека очекува сеопфатен, конечен, правно обврзувачки договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово „како две соседни земји“, нагласувајќи дека двете страни имаат обврска кон своите граѓани да продолжат со разговорите и да работат на практични чекори кон нормализација на односите. „На лидерите на Србија и Косово е да договорат прецизниот формат и содржината на тој договор“, рече Пич, наведувајќи дека се потребни „политичка волја и храброст“ за одржлив договор.