Руските сили продолжија да ги фокусираат своите офанзивни напори врз Бахмут во источниот регион на Доњецк, соопшти денеска украинската војска. Генералштабот на украинските вооружени сили во својот дневен извештај соопшти дека Бахмут и Авдијевка, каде што се водат тешки борби со месеци, и понатаму се главни цели на Москва во Доњецк, додека населбата Билохоривка во соседниот регион Луганск исто така бил под интензивни напади во изминатите 24 часа. Руските трупи извршија шест ракетни напади во истиот интервал, од кои три погодија цивилни инфраструктурни цели во градовите Купјанск и Краматорск, како и 14 воздушни напади и 95 напади од ракетни системи, соопшти Генералштабот.
Генерал Хоџис: Русија нема „кохерентен воен план“ во Украина
Исто така, предупреди дека заканата од руски воздушни и ракетни напади врз цивилни објекти останува висока низ цела Украина. Русија во изминатите неколку месеци немилосрдно ги таргетира цивилните населби и мрежите на енергетската инфраструктура. Најновите напади се случија откако во руски ракетен напад врз станбена зграда во која се сместени околу 1.700 луѓе во централниот украински град Днипро, загинаа најмалку 45 луѓе.