Руската паравоена група „Вагнер“ никогаш не била во Србија и немала никакви контакти со Србија, изјави нејзиниот основач Евгениј Пригожин. „Во моментов во приватната воена компанија „Вагнер“ нема ниту еден српски државјанин, а одамна нема. Затоа сите гласини кои кружат за интеракцијата меѓу Вагнер групацијата и Србија немаат основа“, изјави тој на социјалните мрежи. Во врска со наводите дека членовите на групата Вагнер неодамна биле присутни на северот на Косово, додека биле подигнати барикади, Пригожин рече дека „Србите многу добро се справуваат со своите проблеми сами“, пренесува руската државна агенција РИА Новости.
Генерал Хоџис: Русија нема „кохерентен воен план“ во Украина
Неодамна на социјалните мрежи кружеше информација дека двајца српски десничарски активисти, водачот на групата Народна патрола Дамњан Кнежевиќ и нејзиниот член Зоран Лекиќ, на крајот на минатата година го посетиле центарот на компанијата Вагнер во Санкт Петербург, по што непотврдено во медиумите се појавија наводи за присуство на „Вагнер“ на северот на Косово.
Вучиќ: огласот на Вагнер групата за регрутирање во Србија не е фер
Српскиот сервис на рускиот државен медиум Раша Тудеј, кој неодамна започна со работа во Србија, пред две недели објави оглас на Вагнер групата за регрутирање доброволци за руската војна против Украина. Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа изјави дека рекламата на групата Вагнер „не е фер“ и дека законот им забранува на српските државјани да одат на странски боишта.