Советник на Зеленски поднесе оставка поради коментарите за рускиот напад во Днипро

Зградата во Днипро која беше погодена од проектил

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски Олексеј Арастович денеска поднесе оставка по изјавата дека Киев ја соборил руската ракета која погоди станбен комплекс во Днипро.

Арестович се извини и рече дека направил „фундаментална грешка“, пренесува Би Би Си.

Неговата изјава предизвика критики ширум Украина, а руската страна ја искористи за да го обвини Киев за нападот, тврдејќи дека тие не гаѓаат цивилни цели.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Надежите за спасување згаснуваат по рускиот напад во Днипро


Зеленски сè уште не ја коментирал одлуката на неговиот советник да поднесе оставка.

Неколку часа по нападот во саботата, Арестович рече дека се чини дека врз станбената зграда паднала ракета соборена од украинската противвоздушна одбрана.

Украина соопшти дека зградата била погодена од руска ракета Кх-22, за која Киев нема одбранбен систем и која наводно е исклучително непрецизна.

Во нападот врз станбениот комплекс во Днипро загинаа 44 луѓе, меѓу кои пет деца.