Тенковите за Украина ќе бидат први на агендата на новиот германски министер за одбрана

Германскиот канцелар Олаф Шолц позира пред германски Flakpanzer Gepard за време на посетата на програмата за обука на украинските војници во Путлос во близина на Олденбург, 25 август 2022 година

Првата точка на дневниот ред на идниот министер за одбрана на Германија ќе биде дали да и испорача борбени тенкови на Украина, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек. „Кога ќе се наименува новиот министер за одбрана, ова е првото прашање што треба да се реши конкретно“, рече тој на маргините на Светскиот економски форум во Давос во Швајцарија.

Британија ја повика Германија да дозволи снабдување со тенкови за Украина

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт поднесе оставка во понеделникот, бидејќи нејзината влада беше под зголемен притисок да им дозволи на сојузниците да испратат тешки тенкови на Украина, на почетокот на, најверојатно, клучната недела за плановите на Западот за дополнително вооружување на Киев. Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера икот изјави дека ќе дејствува брзо за да ја замени Ламбрехт. Франкфуртер алгемајне цајтунг, повикувајќи се на владини извори, објави дека наследникот ќе биде објавен денеска.