Тенис Австралија денеска ги забрани руските и белоруските знамиња на Австралија опен откако амбасадорот на Украина побара акција кога тие беа видени меѓу публиката. Знамиња на Русија беа развеани од навивачите на 16 јануари за време на мешот во првото коло помеѓу Украинката Катерина Баиндл и Русинката Камила Рахимова.
Ѓоковиќ се врати во Австралија една година откако беше депортиран
Украинските навивачи наводно повикале обезбедување и полиција на трибините. „Знамињата на Русија и Белорусија се забранети на теренот на Австралија опен“, се вели во соопштението на Тенис Австралија.