Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини деновиве најави дека денеска Македонија ќе потпише договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за 55 милиони евра за изградба на регионални депонии и за инфраструктурата. Нуредини за телевизија Сител појасни за да се се стигне до ова било потребно да се подготви целата документација и да се преговара со меѓународни партнери и донатори.
Вардар како „главна“ канализација на Скопје
Според него, следните од две до четири години ќе бидат најважни за нашата држава бидејќи, како што рече, по четири години ќе има пречистителни станици во Скопје, во Битола и во Тетово, како и регионални депонии. Министерот Нуредини апелираше граѓаните да бидат совесни и за греење на своите домови да не користат материјали кои, како што рече, можеби се канцерогени.