Ахмети: не ги обвинив Алфа и Телма, иритиран сум од говорот на омраза против Албанците

Али Ахмети

„Не сум ги обвинил телевизиите Алфа и Телма. Јас сум иритиран од тоа што го слушам на ТВ Алфа од сограѓаните Македонци кои со говор на омраза зборуваат против Албанците, дека Албанците ќе ја преземаат државата, дека Македонија станува Албанија се до навреди упатени до Артан Груби и до Бујар Османи“, изјави синоќа претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, коментирајќи ја неговата изјава од Гостивар што предизвика низа реакции од новинарските здруженија.

ЗНМ и ССНМ: Етикетирањето на медиуми од страна на Ахмети е опасно

„Оваа земја е наша заедничка. Мора заедно да ја изградиме. Мора заедно да одиме напред. Заедно мораме да придонесеме за членство во ЕУ“, рече Ахмети за Телевизија Клан. Тој вели дека во ДУИ нема криза, туку внатрепартиска дебата, наведувајќи дека со претставниците од т.н. „Огнена група“ нема програмски разлики, туку дека разликите се поради функции.

Меџити - Груби е клан во ДУИ, Ахмети го штити

„Има внатрешна дебата, која никогаш не сум ја цензурирал, ниту сум користел автократски средства за да го задушам различното мислење во ДУИ, но не и да се дозволи анархија, бидејќи анархијата е штетна за сите. Нема програмско незадоволство, нема незадоволство околу визијата, едноставно „зошто е тој, а не јас“, зошто да е Хасан, а не Хисен“, рече Ахмети. Според него, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Левица преговараат за да обезбедат мнозинство од 61 пратеник за, како што рече, „да ја закопаат ДУИ“.