Велика Британија денеска ја повика Германија да дозволи снабдување со тенкови Леопард за Украина, нагласувајќи дека тоа може да резултира со поддршка и од другите нации.
„Очигледно Полска е многу заинтересирана да донира некои Леопарди, како и Финска“, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас пред парламентот.
„Сето ова во моментов се потпира на одлуките на германската влада - не само дали Германците ќе ги снабдуваат со своите Леопарди, туку дали ќе дадат дозволи на други или не. Би ги повикал моите германски колеги да го сторат тоа“, додаде Валас.
Видете и ова: Германската министерка за одбрана Ламбрехт најави оставкаГерманската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт денеска најави оставка од функцијата, бидејќи нејзината влада беше под зголемен притисок да им дозволи на сојузниците да испратат тенкови на Украина. Германија се противи на таквиот потег, велејќи дека западните тенкови треба да и се доставуваат на Украина само доколку има договор меѓу главните сојузници на Киев, особено со САД.
Како одговор, Валас рече: „Знам дека има загриженост во германското политичко тело дека тие не сакаат тоа да го направат сами. Па, тие не се сами“.
Тој додаде дека обемот на поддршката ќе биде очигледен на состанокот на украинските сојузници во Рамштајн во Германија в петок.
Британскиот премиер Риши Сунак пред два дена најави дека Британија ќе испрати борбени тенкови и артилериска поддршка во Украина за да им помогне на украинските воени сили во борбата против руската инвазија. Чешка и Полска веќе обезбедија тенкови на украинските сили, а претходно, овој месец, и Франција најави дека ќе испорача оклопни борбени возила за Украина.