Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Според соопштението, тие разговарале за потенцијална размена на затвореници меѓу Украина и Русија.
Во соопштението на Кремљ се наведува дека за време на повикот, двајцата лидери продолжиле со „размената на мислења за ситуацијата околу Украина“ на теми кои вклучуваат и траен мир и извоз на жито преку Црното Море.
Видете и ова: Над 7000 цивили загинале во УкраинаУкраинските власти не учествувале во повикот. Ердоган ги искористи своите пријателски односи и со Москва и со Киев за да се обиде да посредува во прашањата за време на војната, започната од Русија на 24 февруари 2022 година.