Над 7000 цивили загинале во Украина

Нападите врз украинскиот град Днипро.

Високиот комесаријат за човекови права на ОН денеска соопшти дека потврдениот биланс на загинати цивили од руската воена инвазија во Украина надминал 7.000 луѓе, со повеќе од 11.000 повредени. Оттаму додадоа дека се верува оти вистинскиот биланс е поголем.

„Повеќето од регистрираните цивилни жртви се предизвикани од употреба на експлозивно оружје, вклучувајќи гранатирање од тешка артилерија, повеќекратни ракетни системи за лансирање, проектили и воздушни напади“, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека вистинските бројки се „значително повисоки“, бидејќи е тешко да се проверат информациите од локации со интензивни непријателства.

Видете и ова: Во тек се жестоки борби на исток на Украина

Бројот на загинати од рускиот ракетен напад врз станбена зграда во централниот украински град Днипро се искачи на 30, соопшти денеска националната служба за вонредни состојби.

Нападот врз Днипро беше дел од широкиот бран руски ракетни напади кои ги вклучија најголемите градови во Украина - главниот град Киев и Харкив. Руската инвазија врз Украина започна на 24 февруари минатата година.