Подводен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди западна Индонезија и нема извештаи за сериозни штети или жртви во еден час, објави Американскиот геолошки институт. Епицентарот бил на 40 километри југоисточно од Сингил, крајбрежна област во провинцијата Ачех, на длабочина од 37 километри. Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика не издаде предупредување за цунами. Индонезија, голем архипелаг со повеќе од 270 милиони луѓе, често е погодена од земјотреси и вулкански ерупции поради нејзината локација на „Огнениот прстен“ на пацифичкиот басен.
Голем број деца меѓу жртвите од земјотресот во Индонезија
Во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што се случи на 21 ноември, најмалку 330 лица загинаа, а речиси 600 беа повредени во градот Сианџур во Западна Јава. Тоа беше најсмртоносниот земјотрес во Индонезија од 2018 година, кога во земјотресот и цунамито во Сулавеси загинаа околу 4.340 луѓе и предизвикаа голема материјална штета.