Во тек се жестоки борби на исток на Украина

Борби кај Бахмут, Украина

Украинските сили ги одби новите руски напади на исток, соопшти денеска украинската војска. Руските сили ги гаѓаа украинските позиции и цивилните населби во Луганск и Доњецк, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили во својот дневен извештај, додека продолжува неизвесноста околу тоа која страна го контролира Соледар. Руската војска соопшти дека го контролира Соледар, тврдење кое го негираше Киев, кој рече дека продолжуваат тешките борби во и околу стратешкиот град во Доњецк. Руската победа во Соледар ќе им овозможи на московските сили да се приближат до поголемиот град Бахмут, каде што се водат борби со месеци.

Путин: Операцијата во Украина се одвива според планот

Британското Министерство за одбрана соопшти дека од 15 јануари, украинските сили „речиси сигурно ги задржале позициите“ во Соледар, северно од Бахмут, каде што продолжија интензивните борби во текот на викендот. Украинската војска соопшти дека руските сили, исто така, продолжиле да ја гаѓаат енергетската и цивилната инфраструктура во регионите Запорожје, Днепропетровск и Керсон. Во меѓувреме, украинските служби за итни случаи во меѓувреме соопштија дека бројот на загинати од руски ракетен напад врз станбена зграда во централниот украински град Днипро се искачи на 30. Нападот врз Днипро беше дел од широкиот бран руски ракетни напади кои ги вклучија најголемите градови во Украина - главниот град Киев и Харков.

Столтенберг: Украина може да очекува повеќе испораки на оружје од западните земји

Инаку, американскиот генерал Марк Мили, претседател на Здружениот Генералштаб, рече дека проширената и посложена програма за борбена обука на украинските сили започнала вчера во Германија. Мили рече дека програмата, која е фокусирана врз борби од големи размери, има за цел да врати баталјон од околу 500 украински војници на бојното поле за да се бори против Русите во следните пет или шест недели.