Извлечени 68 тела на загинати во авионската несреќа во Непал

Непал - Спасувачка акција по авионската несреќа

Безживотните тела на најмалку 68 лица се извлечени во Непал по уривањето на патнички авион во близна на градот Похара. Ова воедно и е моменталниот број на загинати во, како што наведува агенцијата „АФП“, најсмртоносната авионска катастрофа во хималајската земја во последниве три децении. Портпаролот на армијата изјави дека сè уште не се пронајдени преживеани.

„Авионот падна во клисурата, па тешко е да се пронајдат телата на жртвите. Во тек е потрага и спасување. Сè уште не се пронајдени преживеани“, изјави за AFP портпаролот на армијата Кришна Прасад Бандари.

Падобранци загинаа во авионска несреќа во рускиот Татарстан

Според информациите на АФП, меѓу патниците имало 15 странци, меѓу кои пет Индијци, четворица Руси и двајца Корејци. Останатите биле Непалци.

Меѓународниот аеродром Похара, кој беше отворен на 1 јануари, треба постепено да го замени стариот, изграден во 1958 година. Градот е популарна дестинација за туристи и планинари од цел свет.

Хималајската земја има едни од најоддалечените и најсложени писти во светот, опкружени со снег и со стази кои се комплицирани дури и за искусните пилоти. Авио-операторите велат дека Непал нема инфраструктура за точна временска прогноза, особено во оддалечените области на планинските терени каде што во минатото се случиле смртоносни несреќи.