Украина може да очекува повеќе испораки на тешко оружје од западните земји наскоро, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за германскиот дневен весник „Handelsblatt“ на 15 јануари.
„Неодамнешните ветувања за тешка воена опрема се важни и очекувам повеќе во блиска иднина“, рече Столтенберг пред состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина на 20 јануари, која го координира снабдувањето со оружје за Киев, во Германија, пренесе агенцијата Франс прес.
Бербок во Харкив, Зеленски апелира за повеќе оружје
Вчера британскиот премиер Сунак најави дека Британија ќе испрати борбени тенкови и артилериска поддршка во Украина за да им помогне на украинските воени сили во борбата против руската инвазија. Чешка и Полска веќе обезбедија тенкови на украинските сили, а претходно, овој месец, и Франција најави дека ќе испорача оклопни борбени возила за Украина.