Украинецот Михаило Мудрик е нов фудбалер на Челси

Премиер лига - Челзи - Кристал Палас

Украинскиот фудбалер Михаило Мудрик потпиша договор со британскиот клуб Челси, наводно, вреден 108 милиони долари.

Украинскиот фудбалер кој на почетокот од овој месец наполни 22 години, стави потпис на осум и пол годишен договор со Челси.

Се повеќе спортисти и клубови за место во македонскиот спорт

Мудрик кој долго се поврзуваше и требаше да се пресели во Арсенал, во последен момент ја промени дестинацијата и беше сликан како држи знаме на Украина на стадионот на Челси пред натпреварот од Премиер лигата против Кристал Палас.

Околу 20 минути по натпреварот, клубот излезе со опширно соопштение за трансферот на Украинецот и објави дека Михаило Мудрик го финализирал трансферот од Шахтјор Доњецк во Челси, откако ги договорил личните услови со клубот.