Најмалку 522 загинати во антивладините протести во Иран

Протести во Иран

Најмалку 522 лица загинаа во четиримесечните антивладини протести во Иран, се вели во извештајот објавен на 15 јануари од Новинската агенција за активисти за човекови права (HRANA) со седиште во САД, пренесува АФП.

Според извештајот, меѓу загинатите има 70 малолетници и 68 безбедносни сили. Речиси 20.000 луѓе биле уапсени, од кои 110 под обвинение што може да доведе до смртна казна, се вели во извештајот. Четворица се погубени.

Иран осуди уште тројца на смртна казна поради протестите

Протестите беа поттикнати од смртта на Махса Амини (22), која беше уапсена од полицијата за морал, бидејќи наводно не ги почитувала исламските правила за облекување.