„Динамиката на операцијата е позитивна, сѐ се одвива според планот“, рече рускиот претседател Владимир Путин одговарајќи на новинарско прашање за руската инвазија на Украина, која Москва официјално ја нарекува „специјална воена операција“.
Бројот на загинати во рускиот напад врз зграда во Украина се искачи на 20
„Се надевам дека нашите борци уште еднаш ќе не израдуваат“, додаде Путин.
Украина претходно на 13 јануари соопшти дека се соочува со силна руска офанзива врз Соледар, но ги отфрли руските тврдења дека руските сили ја презеле контролата врз источниот украински град.
Во последните денови имаше неколку спротивставени извештаи за тоа кој го контролира градот, а тврдењата на Русија не можеа независно да се проверат.