Од Министерството за надворешни работи денеска соопштија дека по дипломатски пат, соодветно реагирале до официјална Софија, да се огради од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји.
„Министерството за надворешни работи со големо внимание ги следи изјавите на одредени маргинални политички фигури од Р. Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави“, истакнаа од МНР.
Реакцијата на МНР доаѓа по вчерашното одбележување на 95-годишнината од смртта наМара Бунева, организирано од членови на бугарската Фондација „Македонија“, како и од бугарскиот европратеник и копретседател на партијата ВМРО-БНД од Бугарија, Ангел Џамбаски.
Со скандирања Македонија е бугарска одбележана 95-годишнината од смртта на Бунева
Во говорот Џамбаски меѓу другото порача дека нема да дозволи денационализација на Бугарите во Македонија, а потоа на социјалните мрежи напиша „Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија. Да живее Бугарија“.