Трет обид за формирање влада во Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев утре претпладне ќе и го додели мандатот за состав на нова влада на политичката партија „БСП за Бугарија“.

Првиот мандат беше доделен на ГЕРБ-СДС, но составот на Владата со кандидатот за премиер Николај Габровски не ја доби потребната поддршка во бугарскиот Парламент.Вториот мандат Радев му го додели на кандидатот за премиер на политичката партија „Продолжуваме со промена“, Николај Денков, но и тој не доби поддршка во Парламентот за декларацијата со приоритетите.

Бугарија во потрага по нова влада

Третиот мандат е последна можност за формирање Влада. Доколку не се спроведе успешно, според Уставот, шефот на бугарската држава мора да распише нови парламентарни избори.Државата со скоро 7 милиони луѓе е во политички ќорсокак од 2020 година, кога ја потресоа големи протести поради незадоволството на јавноста од повеќегодишната корупција.