Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Кина да продолжи да објавува информации за пандемијата на коронавирусот, откако владата вчера соопшти дека 60.000 луѓе починале од почетокот на декември, по критиките дека не информира за текот на пандемијата.
Соопштението во саботата беше првиот официјален број на починати откако кинеската влада ги укина антиковид мерките во декември и покрај порастот на инфекции.
„Информирањето овозможува подобро разбирање на епидемиолошката ситуација“, се вели во соопштението на СЗО, во кое се додава дека генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, имал и телефонски разговор со министерот за здравство на Кина.
Колку Кина „не“ споделува информации за коронавирусот?
„СЗО побара овој вид детални информации да продолжат да се споделуваат со нас и со јавноста“, соопшти организацијата.
Кинеските здравствени власти на дневна база ги објавуваа новозаразените и оние со смртен исход од вирусот, но во овие бројки се вклучени само официјално потврдените случаи, но не на пример и другите смртни случаи кои се последица од Ковид.