Поранешна пратеничка на сега распуштениот долен дом на авганистанскиот парламент е убиена за време на упад во нејзиниот дом во авганистанската престолнина, потврдија талибанските власти.
Мурсал Набиџадах беше застрелана заедно со телохранителот кога вооружени напаѓачи упаднаа во нејзиниот дом во Кабул на 15 јануари, изјави Калид Задран, портпарол на полицијата во Кабул. Тој додаде дека во инцидентот повреден бил и братот на Надиџадах.
Советот за безбедност на ОН ги повика авганистанските власти да ги укинат ограничувањата за жените
Засега се уште никој не ја презел одговорноста за нападот. Талибанците, кои се вратија на власт во август 2021 година, ветија дека ќе бидат пофлексибилни, но во голема мера се вратија на строгото толкување на исламот што го одбележа првиот период од нивното владеење од 1996 до 2001 година. На 24 декември им забранија на жените да работат за невладините организации. Претходно истиот месец воведоа забрана за жените да одат на факултет.