За нова влада не одлучува Ахмети туку народот на избори, затоа толку се плашат и бегаат од соочување, се вели во реакцијата на членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Драган Ковачки на изјава на лидерот на ДУИ за време на неговиот говор на вчерашната партиска трибина во гостиварско Чегране.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа во Чегране, Гостиварско, како што пренесе ТВ 21 порачал „ВМРО-ДПМНЕ да не сонува дека ќе направи 61 пратеник со Левица“.
„Длабоко сум убеден и верувам во дефинирањето на главните политички партии, кои имаат прозападна ориентација. ВМРО-ДПМНЕ греши ако мисли дека со Левица ќе направи мнозинство со 61 пратеник и да ја марганилизира ДУИ, наводно нивната единствена пречка. Прават многу грешки и нека не сонуваат за такво нешто“, порачал Ахмети.
Огнена борба за наклонетоста на Ахмети
Тој меѓудругото вчера порача и дека политичките партии мора да се обединат и што поскоро да се донесат уставните измени со вметнување на Бугарите затоа што тоа е единствено решение за отворање на првото поглавје од пристапните преговори со ЕУ.
Пратеникот Ковачки пак во денешната реакција вели дека народот е тој кој што треба да одлучи.
„„Што се однесува до мантрата дека Ахмети ќе создавал сојуз за Европа, на сите им е јасно дека е создаден сојузот за Европа. Оваа влада на ДУИ (во која Ковачевски е статист), е најодговорна за секојдневните масовни иселувања од Македонија токму во Европа“, се вели во реакцијата на Ковачки.