Пет лица загинаа, а 27 се повредени во нов руски напад на деветкатна станбена зграда во источниот украински град Днепар, соопштија официјални лица.
„Веќе има пет мртви“, соопшти регионалниот гувернер Валентин Резниченко на апликацијата Телеграм, каде што објави и фотографија од станбен блок претворен во урнатини. Тој додаде дека 27 лица се ранети. Меѓу нив има шест деца. Сите се во болница.
Нов руски ракетен напад врз Украина
Украинците денеска ја прославуваат Старата Нова Година, популарен празник во пресрет на кој на децата традиционално им се даваат слатки. Руските сили претходно извршија рактени напади врз критичната инфраструктура во Киев. Властите предупредија дека можни се и нови напади во текот на денов. На жителите им беше советувано да се скријат во засолништа.