Кина ги објави податоците за смртни случаи од ковид

Илустрација

Кинеските власти денеска објавија дека од почетокот на декември речиси 60.000 заразени со ковид-19 починале, по критиките дека кинеската влада не објавува податоци за текот на пандемијата.

Според информациите на кинеските власти, 5.503 смртни случаи се резултат на респираторна инсуфициенција предизвикана од коронавирусот, а 54.435 смртни случаи се од други болести во комбинација со ковид-19.

Колку Кина „не“ споделува информации за коронавирусот?

Националната здравствена комисија соопшти дека пациентите починале во болница. Итните хоспитализации го достигнаа пикот во Кина, а бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 продолжува да се намалува, изјави кинески официјален претставник.

„Низ целата земја, бројот на пациенти со треска примени во здравствените установи опаѓа, и во градовите и во руралните области“, изјави на прес-конференција Џијао Јахуи, официјален претставник од Националната здравствена комисија. Тој рече дека бројот на итни случаи како и на позитивни постојано опаѓа.

Кинеската влада престана да пријавува податоци за заразени и смртни случаи од ковид-19 на почетокот на декември, откако нагло ги укина строгите антиковид мерки. Светската здравствена организација и земјите ширум светот апелираа до Пекинг за повеќе информации за да можде да се вршат редовни, брзи и точни проценки на ризикот на глобалната ситуацијаво услови на пораст на бројот на заразени.