Висконсин и Северна Каролина се придружија на групата од најмалку 22 американски држави кои ја забранија употребата на кинеската апликација ТикТок на службени уреди. Американскиот Конгрес неодамна донесе одлука со која се забранува користење на апликацијата од владините уреди на САД.
Вооружените сили на Соединетите Американски Држави исто така ја забранија апликацијата на нивните уреди. ТикТок го користат две третини од американските тинејџери и стана вториот најпопуларен домен во светот.
Тој е во сопственост на кинеската компанија „ByteDance“, која го пресели своето седиште во Сингапур во 2020 година. Наиде на критики кои велат дека кинеската влада може да пристапи до податоците на корисниците, како што се историјата на прелистување и локацијата, преку апликацијата. Конкретно, во Вашингтон одамна расте загриженоста дека Пекинг би можел да користи законска и регулаторна моќ за да ги искористи податоците за американските корисници или да се обиде да поттикне прокинески наративи или дезинформации.
Демократскиот гувернер на Висконсин, Тони Еверс како причина ја наведе загриженоста за приватноста и безбедноста.
„За нас е важно да ја заштитиме владината информатичка технологија од странски земји кои активно се вклучија во сајбер напади против САД. Заштитата на Северна Каролина од сајбер закани е од витално значење за обезбедување на безбедноста, приватноста и успехот на нашата држава и нејзиниот народ“, рече Купер.
Сајтовите што шират „митови“ се удвоиле откако започнала руската инвазија
И ФБИ и Федералната комисија за комуникации предупредија дека сопственикот на „ByteDance“ може да ги сподели податоците на корисниците на ТикТок со кинеската авторитарна влада. Американските власти, исто така, се загрижени дека кинеската влада би можела да го користи ТикТок за да поттикне прокинески наративи или дезинформации.
Загриженоста почна да расте по вестите од минатата година дека тим со седиште во Кина неправилно пристапил до податоците на американските корисници на ТикТок, вклучително и кај двајца новинари, како дел од тајната програма за надзор за откривање на изворот на медиумите. Исто така, постојат стравувања дека компанијата испраќа голем број кориснички податоци во Кина, што ги прекршува строгите европски правила за приватност.
Од прес службата на ТикТок пак изразија разочарување од одлуките.
„Разочарани сме што толку многу држави носат политики што нема да направат ништо за подобрување на сајбер безбедноста во нивните држави и се засноваат на неосновани лаги за ТикТок“, рече Џамал Браун, портпарол на ТикТок во е-пошта.
ТикТок развива планови за безбедност на податоците и приватност како дел од тековниот преглед на националната безбедност од страна на администрацијата на претседателот Џо Бајден, се додава во соопштението од компанијата.
Извор: АП