Силната експлозија на гасовод што пренесува гас на северот на земјата и соседна Латвија најверојатно била предизвикана од технички дефект, изјави денеска шефот на системот за пренос на природен гас во земјата. Нема информации за жртви, но околу 250 жители од најблиското село беа евакуирани како мерка на претпазливост. Пожарот беше изгаснат до полноќ, а жителите се вратија во своите домови, откако започна санирањето на оштетениот гасовод.
„Една од можните причини за експлозијата е дефект на заварот на цевководот, но истрагата ќе ги даде сите одговори во рок од неколку дена“, изјави Немунас Бикнијус, директор на „АБ Амбер Грид“, која управува со литванскиот систем за пренос на гас.
„Не мислам дека тоа е некој вид намерна активност; Мислам дека е случајно“, додаде тој.
Експлозија на гасовод во Литванија, нема повредени
Гасоводот носи гас од литванското балтичко пристаниште Клаипеда до соседна Латвија. Соседниот гасовод не е оштетен и продолжува да ги снабдува потрошувачите со гас во областа, соопштија од „АБ Амбер Грид“.
Литванија целосно го прекина увозот на руски гас во април 2022 година како одговор на рсуката инвазијата врз Украина. Балтичката држава увезува гас од неколку земји преку терминалот за течен природен гас во Клаипеда изграден пред една деценија. Терминалот ги задоволува сите потреби на Литванија за природен гас и овозможува испорака до соседните земји, наведува агенцијата „Асошиејтед прес“.